Лидерот на табелата во Суперлигата, Металург, ја продолжи победничката низа од крајот на есенскиот дел.
Тимот од Автокоманда иако имаше проблеми со мотивираниот домаќин и по првиот дел губеше со еден гол разлика, 15-14, сепак во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на стружани.
На крајот металурзи славеа со 24-29 и бодовите ги носат за Скопје, а за Струга останува во следните три кола да го подобри бодовното салдо против конкурентите за опстанок.
Кај гостите по пет гола дадоа Милан Поповиќ и Марио Танкоски, додека четири постигна Мартин Серафимов. Во домашниот тим се истакна новакот Самид Мекиќ со осум голови.
Во следното коло Металург ќе игра со Еурофарм Пелистер 2, додека Струга ја чека гостување кај големиот ривал Охрид.