Екипите на Вардар и на Еурофарм Пелистер ја завршија групната фаза на 48. издание на Струшкиот турнир со три победи на три средби и тие утревечер од 21:15 часот ќе се соочат во финалето.
Составите кои во новата сезона имаат директен пласман во групите од Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, како и во СЕХА лигата ќе одлучат кој во моментов има поквалитетен тим и кој е во подобра форма.
Ова е финалето кое се очекуваше уште пред почетокот на турнирот така што и двете екипи ги оправдаа очекувањата и утревечер ќе треба да се покаже најдоброто на теренот.
Претходно пресметки ќе има уште од 10 часот. Први на терен излагаат Струга и Еурофарм Пелистер 2, а потоа Бутел Скопје против Прилеп и Охрид против Металург. Ова ќе биде денот кога се решава пласманот на струшкиот турнир и дефинитивно се очекуваат четири возбудливи натпревари.
СТРУШКИ ТУРНИР, 48. ИЗДАНИЕ
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН
НЕДЕЛА, 16 АВГУСТ
10:00ч (7. МЕСТО)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА
17:15ч (5. МЕСТО)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП
19:15ч (3. МЕСТО)
ОХРИД – МЕТАЛУРГ
21:15ч (ФИНАЛЕ)
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР