Стојановиќ: Одигравме машки, професионално и тимски – тоа е формулата за успехот

Ме радуваат и зборовите на легендарниот Стефан Ловгрен, кој е амбасадор на ЕХФ и беше тука. Уште пред финалето ни честиташе за играта, а по финалето само рече дека така победува тимот, вели Радослав Стојановиќ, селекторот на Македонија по освојувањето на ЕХФ шампионатот во Летонија.

Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија Радослав Стојановиќ ќе има уште можност да работи и да се радува на успеси со генерацијата што ја предводи, откако кадетите го освоија ЕХФ шампионатот и се пласираа на следното кадетско СП 2023 и на младинското ЕП 2024 година. По триумфот во финалето против Швајцарија, 24-22 се најде во воздух на рацете на ракометарите кои со пет победи беа убедливо најдобри на целиот турнир.

“Телефонот непрекинато звони. Не можам на сите да им одговорам за упатените честитки. Момците уште славата, и треба да се радуваат на овој успех. Многу ни значи на сите нас кои работевме да стигнеме до тука. Бевме подготвени, мотивирани, противниците добро анализирани. Ова е тимски успех на сите момци. Ме радуваат и зборовите на легендарниот Стефан Ловгрен, кој е амбасадор на ЕХФ и беше тука. Уште пред финалето ни честиташе за играта, а по финалето само рече дека така победува тимот, вели Радослав Стојановиќ, селекторот на Македонија.

Во текот на мечот имавме и добри периоди, но и падови. Во последните седум минути направивме пресврт и иако имавме негатива од 20-22 на крајот победивме со 24-22. Кога беше најпотребно Стојановиќ ја најде седморката што носи успех, ги употреби сите сили.

„ Сменивме во играта, одигравме 5-1 како што беше на почетокот. Го сменивме и голманот, и тоа донесе успех. Секој играч има своја заслуга во овој триумф. Сигурно нема да им замерам ништо на момците за падовите, бидејќи финалето е нешто најважно. Имавме концентрација кога требаше, ги извршува задачите и играа според договореното. Ова се млади играчи, но покажаа многу досега, смета Стојановиќ.

Кадетите слават во Рига – Македонија го освои ЕХФ шампионатот во Летонија

Уште пред почетокот на ова првенство Македонија се надеваше на финале и на дуел со Швајцарија. Овојпат Швајцарија не беше голема закана. Тие пред дуелот со Македонија се засилија со нов играч, а ние имавме проблеми со некои повреди. Анализата на ривалите беше направено беспрекорно.

„Знаевме како ќе играме против секого. И ме радува што дечките играа максимално, без опуштање, како професионалци. До крај, до победа и беа калкулации. Тоа е навистина одлична одлика на оваа генерација. Ни претстојат уште натпревари, првенства и верувам во нив, во нивни добри игри, вели Стојановиќ.

Со освојувањето на првото место сега оваа генерација ќе игра на следното кадетско СП 2023 година и на следното младинско ЕП 2024 година.

 

Кога ракометарите слават – селекторот Стојановиќ и стручниот штаб завршија „во воздух“ (Видео)