По заминувањето на левото крило Тимур Дибиров во хрватскиот Загреб, во Вардар за следната сезона ќе остане само уште еден играч од шампионските генерации на „црвено-црниот“ тим од 2017 и 2019 година.
Тоа ќе биде капитенот Стојанче Стоилов, кој на прес конференцијата пред еден месец го најави неговото останување и за следната сезона.
Покрај Стоилов, кој ќе биде на теренот, на „црвено-црната“ клупа ќе се седи Владо Недановски, кој исто така беше дел од славјето во Келн на македоонскиот првак.
Во споредба со минатата сезона, Вардар го напуштија браќата Њокас, Тото, Диало, Валчак, Дибиров, Петров, Крстевски, а единствено ново име е Милан Лазаревски.
Вардарци првиот официјален натпревар ги очекува на 23 август од СЕХА лигата против хрватскиот Нексе Нашице, а претходно премиерата ќе ја имаат на Струшкиот турнир.