Ракометарите на Вардар без проблем ќе можат да ги почнат подготовките за новата сезона. Сите играчи и стручниот штаб беа тестирани на коронавирус, а резултатите од сите тестови се негативни.
Првиот собир „црвено-црните“ ќе го имаат во текот на утрешниот ден со почеток во 18:00 на фудбалското игралиште до СЦ „Јане Сандански.
„Денеска, 17 јули целиот тим што се наоѓа во Скопје и стручниот штаб беа
тестирани за Covid-19 и сите резултати се негативни“, се вели во официјалното известување на Вардар.
Првите натпревари, избраниците на Стевче Алушовски ќе ги имаат на турнирот во Струга.