Освојувањето на турнирот во Струга, и двете индивидуални награди, за МПВ на Жарко Пешевски и голман на Урбан Лесјак, за тимот на Еурофарм Пелистер се првите трофеи што ги освојува во новата сезона. Со повеќе засилувања меѓу кои и нов тренер, битолскиот тим смета дека има конкурентен тим по децениска пауза конечно да ја врати титулата во своите витрини. Ова треба да биде „таа сезона“ кога клубот ќе се врати на врвот дома, и ќе оди најдалеку во Лига Европа.
Во предвечерјето на првиот европски настап, четврт-финалето на СЕХА лигата и почетокот на домашното првенство тимот имаше свеченост на која ги промовираше засилувањата, новите дресови, новите капитени, а од управата ги потврдија и нивните цели за сезонава. А тоа се сите домашни трофеи.
„Ние сме уникатен пример за два клуба од исто ракометно семејство кои играат во европските клупски натпреварувања и верувам дека наредна цел треба да ни биде да подигнеме трофеи со двата клуба. Посебно сум задоволен што секоја година промовираме членови од Еурофарм Пелистер 2 во новајлии во првиот тим. РК Еурофарм Пелистер ќе ги нападне и има за цел да ги освои сите домашни трофеи: Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, добра презентација во СЕХА лигата, а во ЕХФ Лига Европа се стремиме да ја поминеме групната фаза. Доколку успееме во тоа, зошто да не отидеме и чекор подалеку од минатите сезони, изјави проф. д-р Зоран Стерјeв, претседател на РК Еурофарм Пелистер.
Во четврток Еурофарм Пелистер го игра мечот со Мешков Брест кој може да испише нова клупска историја. Битолчани имаат шанса првпат да играат на завршниот турнир од СЕХА лигата што е закажан за 2 до 4 септември во Задар. Се игра само еден натпревар, оној во Битола. Победникот ќе патува за Задар.
Битолчани ги промовираа тимовите и дресовите, најавија атак на сите трофеи со првата екипа! (ФОТО)
Битолчани се пофалија со новите имиња – Ѓорговски и Стоилевски во Еурофарм Пелистер