Репрезентативецот на Србија, голманот Милан Бомаштар немаше проблеми да најде нов клуб, откако пред извесен период го напушти шпанскиот клуб Адемар Леон.
Голманот, кој има 23 години и кој дебитираше за репрезентацијата на Србија на Европското првенство во Унгарија и Словачка, во новата сезона ќе настапува за шведскиот суперлигаш Сковде.
Бомаштар веќе пристигна во скандинавската земја и се приклучи на тренинзите на неговиот нов тим, кој во изминатата сезона успеа да стигне до плеј-оф фазата во најквалитетното натпреварување во Шведска.
Србинот во својата кариера го носеше дресот и на Металопластика Шабац, екипа со која учествуваше во ЕХФ Купот, како и во СЕХА лигата.