Селекцијата на Шведска славеше минимално против незгодната Србија со 35-34 во првиот од двата пријателски натпревари меѓу овие две селекции.
„Орлите“ одиграа одлично во првиот дел, на пауза имаа предност од два гола, 19-17, а Швеѓаните првпат поведоа во 48. минута преку Готфридсон.
Со голот на Петерсон на 70 секунди до крајот, Шведска се одлепи на плус три, 35-32 и веќе немаше дилеми околу победникот.
Србите водеа со максимални плус три, 23-20, но не издржаа во финишот. Најдобри стрелци во српскиот состав со по пет гола беа Вејин, Пешмалбек и Марсениќ, додека кај Шведска се истанаа Пелас и Ване со по седум гола.
Вториот меч меѓу Србија и Шведска ќе се одигра на 9 јануари.