Репрезентацијата на Србија на првиот дуел од бараж двомечот против Турција за пласман на Светското првенство 2023 оствари убедлива победа со девет гола разлика, 33:24.
Турција во дуелот со избраничките на Урош Брегар беше рамноправен ривал до 20 минута, потоа се мина во знакот на поискусната репрезентација на Србија, која на полувреме замина со ,,плус пет” 15:10.
Гостинките во второто полувреме немаа големи проблеми, ја сочуваа предноста од првиот дел, умешно ги користеја грешките на својот противник и дојдоа до поголема разлика за убедлив триумф.
Одлична партија во репрезентацијата на Србија одигра Сања Радосављевиќ, имаше 100% реализација, постигна девет гола од исто толку обиди.
Во составот на Турција се истакна левиот бек на Магура Чиснадие, Асли Искит со девет погодоци.
Реванш дуелот меѓу Србија и Турција ќе се одигра на 12 април во Белград.