СП кадети: Познати се десет патници во главната рунда

Денес на Светското кадетско првенство во Хрватска беше комплетирано второто коло, по што се познати десет патници во главната рунда.

Место меѓу најдобрите 16 репрезентации на кадетскиот Мундијал обезбедија Хрватска, Португалија, Словенија, Унгарија, Египет, Шпанија, Австрија, Данска, Норвешка и Германија.

Репрезентацијата на Македонија со победата над Црна Гора од 29:20 остана во игра за пласман во следната фаза на Светското првенство.

Ракометарите на Раде Стојановиќ за последен ривал од групната фаза ја имаат Грузија, додека директниот конкурент за 2. позиција, селекцијата на Црна Гора, оди на мегдан со Норвешка.

Доколку Македонија се пласира во следниот круг, тогаш ќе игра против репрезентациите на Данска и Австрија.

Светско кадетско првенство, 2. коло, резултати:

Група А

АЛЖИР – ПОРТУГАЛИЈА 19:41 (8:15)

ХРВАТСКА – РУАНДА 54:18 (25:9)

Група Б

НОВ ЗЕЛАНД – УНГАРИЈА 6:49 (2:26)

СЛОВЕНИЈА – МАРОКО 38:30 (17:7)

Група Ц

ЧЕШКА – ЕГИПЕТ 22:28 (8:14)

ИСЛАНД – ЈАПОНИЈА 35:28

Група Д

БАХРЕИН – ШПАНИЈА 18:29 (8:15)

ЈУЖНА КОРЕЈА – БРАЗИЛ 30:31 (15:16)

Група E

МЕКСИКО – ДАНСКА 21:49 (8:26)

АВСТРИЈА – ЧИЛЕ 41:11 (19:3)

Група Ф

ГРУЗИЈА – НОРВЕШКА 24:38 (8:20)

ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА 20:29 (10:12)

Група Г

САД – ГЕРМАНИЈА 15:46 (7:21)

АРГЕНТИНА – САУДИСКА АРАБИЈА 29:29 (13:14)

Група Х

БУРУНДИ – ШВЕДСКА 16:62 (4:31)

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ИРАН 27:29 (13:9)