Завршницата од регионалното натпреварување СЕХА е закажана за викендов од 3 до 5 април, но во моментов тој датум станува неизвесен поради предлогот во Хрватска сите спортски натпреварувања да бидат замрзнати до 1 април.
Доколку овој датум остане тогаш би можело Ф4 турнирот во СЕХА да биде првиот после паузата, но неизвесно е дали и тогаш ќе има простор за играње на натпревари, па останува дилемата што и како ќе се случува. Дури и ако забраната што е сега на сила заврши на 1 април, нема да има доволно време да се организира се како што треба за да може да се одиграат планираните четири натпревари.
Од СЕХА засега немаат коментари околу овој турнир и тоа останува да се следи во периодот кој доаѓа. Доколку ситуацијата не дозволува сигурно ќе дојде и до пролонгирање, но тоа ќе биде одлучено дополнително откако ќе се види дали условите ќе дозволат одигрување на натпревари.
Со оглед на тоа што турнирот е закажан во Хрватска тука одлука ќе имаат и властите на оваа земја. Доколку тие дозволат спортот да се врати во салите и на терените тогаш сигурно ќе има и СЕХА Ф4 во предвидениот термин, во спротивно ќе дојде до ново пролонгирање и дополнително ќе биде познато што и како ќе се случува.
Инаку, досега место на Ф4 обезбедија тимовите на ППД Загреб и Мешков Брест, а се очекува да им се придружат тимовите на Веспрем и Вардар. Титулата треба да ја бранат „црвено-црните“ кои лани во Белорусија го кренаа пехарот.