Спектакуларен пречек за ракометарите на Магдебург – европските шампион се вратија дома (ВИДЕО)

Ракометарите на Магдебург се вратија дома по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите и триумфот над Келце со 30-29. Во нивниот град беше организиран спектакуларен пречек пред илјадници фанови, а панорамскиот автобус со ракометарите и стручниот штаб мина низ плоштадот. Потоа беа на прием кај градоначалникот, а од балконот на општинската зграда сите ракометари ги поздравија навивачите. Погледнете...