Составот на Спартак се враќа со три бода од гостувањето во Битола откако дојде до победа од 35:28.
Се очекуваше можеби понеизвесен натпревар, но домашните не успеаја да го издржат темпото на игра, па постојано беа во негатива. Откако на стартот беше неизвесно, а во еден дел од првото полувреме Пелистер беше во водство од еден гол разлика, работите почнаа да се менуваат после 8:7.
Тука дојде до менување на текот на средбата и гостинките успеаја да го свртат резултатот во своја корист и да заминат на одмор со предност од 15:11.
После четирите разлика на крајот од првиот дел во второто полувреме само се чуваше предноста така што на крајот победата беше изразена со седум гола, 35:28.
Овие бодови oвозможија тимот на Спартак да се доближи до Стружанка на само еден бод, па сега е јасно дека ќе има голема трка за 6. позиција.
ПЕЛИСТЕР – СПАРТАК 28:35 (11:15)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.
ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Ѓоргиевска, Тодоровска, Босиловска 3, Николоска 1, Етемовска, Дишковска, Милосављевиќ 7, Спирковска 1, Срезовска, Кајческа, Наумовска 1, Белевска 6, Јанкуловска 9, Гроздановска.
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 8 мин.
СПАРТАК: Станчева, Е. Бочваровска, Самарџиоска 1, Ѓошевска 7, Ивона Кимовска, Цветковска, Франговска 1, Божиновска 1, А. Бочваровска, Василева 9, Петреска, Велигденова 1, Гродановска 8, Коларовска 6, Драговиќ, Ива Кимовска 1.
Седмерци: 7/8, Исклучувања: 18 мин.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА