Спартак без шанси, Ѓорче Петров ги собра бодовите

Екипата на Ѓорче Петров славеше убедлива победа на гостински терен во 7. коло од Женската лига против составот на Спартак со високи 17:36.

Ракометарките на Ѓорче Петров рано ја најавија победата уште кога со серија од седум гола имаа високо водство од 4:9. До крај на првото полувреме Спартак веќе имаше недостижна негатива. На паузата беше 8:17.

Во вториот дел Ѓорче Петров одигра уште поефикасно и само ја потврди доминацијата. Веднаш на стартот гостите имаа двоцифрена предност која продолжи да расте и достигна високи 19 гола која беше доволна за нови бодови.

Во победничкиот тим сите ракометарки се запишаа во листата на стрелци, а најпрецизни беа Ана Марија Коларовска со шест гола и Стојановска, Јанкуловска и Цветановска со по пет погодоци. Во составот на Спартак најпрецизна беше Ангела Гроздановска со четири гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871022
2КУМАНОВО861119
3ПЕЛИСТЕР 2012840412
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82066
5ГЕВГЕЛИЈА80080