Екипата на Вардар денеска на гостувањето кај Пик Сегед ќе биде без пивотот Жереми Тото и десниот бек Куни Моралес.
Овие двајца ракометари беа стандардни во досегашниот дел од сезоната, но ќе ги нема на терен против Пик Сегед на дуелот кој се игра денеска. На нивно место се двајца млади ракометари од Македонија.
Вујовиќ се одлучи да им даде шанса на среднитот бек Мартин Карапалевски и пивотот Стефан Атанасовски.
Натпреварот се игра во Унгарија, а почнува од 18:45 часот.