Скопје победнички ја заврши сезоната

Ракометарите на Скопје победнички ја завршија сезоната во суперлигашкото друштво откако славеа против Радовиш со 35-31.

Во првиот дел во кој беа постигнати дури 39 погодоци, избраниците на Горан Кузманоски водеа со 22-17.

Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата за домашните кои прославија триумф.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бајрактаревиќ со седум, како и Пешкирски и Рангелов со по пет, додека 11 гола за гостите постигна Трајчевски.