На натпреварот помеѓу Униметал Хрзанов и АЗС УЈК Келце од групата Д во Првата лига на Полска кој заврши 28:23 се случи неочекуван инцидент каде што беше нападнат еден од судиите.
Во 49. минута од натпреварот еден навивач влета во теренот, се упати кон еден од судиите и го удри во лицето. Судијата за момент успеа да го избегне, а веднаш потоа напаѓачот беше соборен од обезбедувааањето.
Како што може да се забележи на видеото напаѓачот се смири многу брзо и мирно го напушти теренот.
Инцидентот може да го погледнете во следното видео…