Сите за еден, еден за сите… подготвени за новиот голем предизвик (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[soliloquy id=”120297″]

 

 

Атмосферата меѓу ракометарите кои се подготвуваат за утрешниот прв натпревар на Европското првенство е одлична. Сите се подготвени да го дадат максимумот за да може шампионатот да се отвори како што се посакува односно со победа и два бода. Она што можеше да се забележи на тренингот го имаше и во хотелот „Хилтон“ каде што ракометарите ќе бидат сместени за време на првенството. Сите се насочени кон она што претстои, а воедно се и подготвени за предизвикот. Најважно е што сите дишат еден за друг така што прашање е само како утревечер ќе биде отворен шампионатот и кој ќе биде патоказот по кој ќе се тргне во ова првенство. Првиот натпревар е против Украина. Се игра во Виена, а почетокот е предвиден за 20:30 часот.