Заради коронавирусот екипата на ПИК Сегед повторно не може да игра натпревари. Тренерот на тимот, Хуан Карлос Пастор зборуваше за сајтот на клубот и истакна дека треба да останат силни во оваа тешка ситуација.
Пред неколку дена ПИК Сегед објави дека тројца нивни ракометари се позитивни на последното корона тестирање. Ова е трет пат да има случаи на заразени играчи и екипата е по трет пат во изолација.
„Секогаш мораме да останеме позитивни дури и во овие тешки времиња. Не е лесно, секој ден има некој нов проблем. Ако бев песимист и ако глЕдав само негативно како би функционорал во животот? Морам да останам силен, во секое време го правам тоа за моите играчи и стручен штаб. Мораме да останеме заедно во оваа ситуација, еден ден овој кошмар сигурно ќе заврши, верувам во тоа, за тоа живеам. Ние сме воини, ветувам дека ќе ја продолжиме оваа борба, нема да паднеме ниту ќе се предадеме. Ќе има излез од оваа ситуација, сакаме да се вратат деновите кога сите заедно тренираме и играме натпревари, да играме пред нашата публика. Ова се нашите цели и се надевам наскоро ќе се остварат“, рече Пастор.
Унгарската ракоеметна федерација ги одложи следните првенствени натпревари на ПИК Сегед против Комло и Ференцварош, а ЕХФ го одложи следниот дуел од Лигата на шампионите против Елверум.