Се сеќавате ли кој го постигна првиот гол за Македонија на ЕП (ВИДЕО)

Македонија својот прв настап на големите натпреварувања го забележа во 1998 година на Европското првенство во Италија. Тогаш играше на овој шампионат на кој имаше 12 земји учеснички, а својот прв натпревар го имаше против селекцијата на Унгарија.

За првиот погодок се чекаше до 5. минута кога Томче Петрески успеа да се пробие до линијата од шест метри и да го погоди голот на Унгарците.

Секако вреди да се потсети и да се погледне овој погодок кој останува засекогаш запишан бидејќи Петрески е првиот стрелец на погодок на големите натпреварувања за Македонија.