Се разгорува битката за елитата: Голден Арт 2 на мегдан со Мулти Есенс, Драчево го пречекува Младост

Викендов ќе се одигра новото, 3. коло во плеј-оф фазата во прволигашката конкуренција.

Во битката за директен пласман во Супер лигата отскокнува тимот на Мулти Есенс, кој регуларниот дел го заврши без пораз и во првите два воведни дуели од прволигашкиот плеј-оф успеа да триумфира.

Мулти Есенс за следен ривал го има Голден Арт 2. Исто како и Мулти Есенс, тимот на Голден Арт 2 во првото и второто коло од плеј-оф фазата запиша две победи.

Избраниците на Филип Глигоров доколку успеат да му го нанесат првиот пораз на Мулти Есенс, тогаш ќе останат во игра за првите две позиции на табелата, кои носат директен пласман во Супер лигата.

Моментално второпласираната екипа на Драчево, која заостанува на пет бода во однос на првопласираниот Мулти Есенс, на свој терен ќе го пречека незгодниот состав на Младост Богданци.

Токму дуелот против Драчево за тимот од Богданци ќе биде голема шанса да се издвојува победа, со цел да се остане во игра за евентуален пласман меѓу најдобрите три екипи.

Тимот на Аеродром, кој во ланската сезона преку бараж не успеа да обезбеди влез во елитата, ќе се сретне со Шампион и во тој дуел ќе атакува на нова победа за зачувување на шансите за директен пласман во најквалитетното натпреварување во Македонија.

Металург РА откако во претходното коло пропушти шанса за победа против Мулти Есенс и не успеа да се избори барем за бод, за поразот ќе бара рехабилитација во дуелот со Македонија ЃП.

Прва лига, 3. коло, плеј – оф, распоред:

08/04, 15:00 Аеродром – Шампион

08/04, 19:30 Голден Арт 2 – Мулти Есенс

08/04, 19:30 Металург РА – Македонија ЃП

08/04, 20:00 Драчево – Младост 

09/04, 18:00 Астраион – Кичево

Табела

  1. Мулти Есенс – 30
  2. Драчево – 25
  3. Аеродром – 22
  4. Голден Арт 2 – 18
  5. Младост – 15
  6. Македонија ЃП – 13
  7. Металург РА – 12
  8. Кичево – 6
  9. Шампион 4
  10. Астраион – 3