Ракометарите на Охрид мораа без тренерот Горан Андоновски да го доиграат натпреварот против Бутел Скопје.
На Андоновски му се слоши на полувреме, па превентивно беше на прегледи во охридската болница и предвреме ја напушти салата.
Неговите ракометари победија против Бутел, а од охридскиот клуб соопштија дека состојбата на Андоновски е стабилна е дека ќе се врати на обврските во текот на следната седмица.
„На шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид, Горан Андоновски, вечерва му беше извршен лекарски преглед во болница, откако на полувреме од мечот со Бутел, што се одигра во салата Билјанини извори, се пожали на здравствени проблеми, поради што мораше пред време да го напушти натпреварот.
Андоновски по лекарската интервенција е во стабилна здравствена состојба и се очекува следната седмица да се врати на работните обврски.
ГРК Охрид на тренерот Андоновски му посакува брзо закрепнување и добро здравје“, соопштија од Охрид.
Охриѓани следниот викенд ги очекува уште еден домашен натпревар против Еурофарм Пелистер 2.
На тренерот на Охрид му се слоши на полувреме – заврши во болница
Охрид одигра победнички и го „сопна“ Бутел во борбата за Европа
Бојаниќ: Победата над Бутел му ја посветуваме на тренерот Горан Андоновски