В недела очите на македонската спортска јавност ќе бидат свртени кон СЦ „Јане Сандански“ и најголемото дерби на македонскиот ракомет.
Еурофарм Пелистер преку соопштение истакна дека секогаш ја промовира и негува идејата за фер навивање, истакнувајќи дека двата клуба треба да придонесат неделното дерби да биде празник за ракометот, но и за спортот во Македонија.
,,Во наше име, ние ветуваме максимално, коректно и спортско однесување и почит кон сите актери на спортскиот терен. Со нашето однесување на теренот и со однесувањето на играчите и тренерите на РК Вардар 1961 (убедени сме дека ќе биде коректно, спортски,фер и позитивно), сите заедно ќе придонесеме неделниот натпревар да биде вистински ракометен празник. Во тој ракометен празник треба да уживаат сите вистински љубители на ракометот. Љубителите на ракометот и навивачите кои ќе бидат во салата како и секогаш до сега, исто така ќе имаат една од главните улоги во ракометната претстава. Што се однесува на навивачите, ние и во оваа прилика го искажуваме нашето цврсто убедување дека нивната улога ќе биде брилијантна, спортска, фер и коректна, незапамтена и непоимлива за други простори надвор од границите на нашата држава. Натпреварот во недела ги има сите можни предуслови за врвен ракометен спортски и фер натпревар и таков ќе биде. Нека победи подобриот, нека победи спортот/ракометот”, стои во дел од соопштението на македонскиот вицепрвак.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во СЦ ,,Јане Сандански”
Правдата на дерби дуелот ќе ја делат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.
Вардар со поддршка за судиите пред дербито – ќе им овозможиме да имаат лесна задача