СЕХА тврди: Нема заговор против Вардар!

Исклучувањето на Вардар од Ф4 турнирот во СЕХА лигата и понатаму ја бранува ракометната јавност, а во интервју за рускиот „Брз центар“ потпретседателот на лигата, Борис Сапожников вели дека нема никаков заговоро против петкратниот освојувач на трофејот во регионалното натпреварување.

„Се обидуваат да најдат некоја теорија на заговор. Но, таква не постои. Да бидеме искрени. Михајловски е претседател на Вардар и на СЕХА лигата. Тој носи многу одлуки на турнирот. Тој е и голема и моќна политичка фигура во ракометниот свет, кој со еден повик решава многу прашања. Што мислите? Некој ќе сака да игра таква игра со клубот на претседателот? Секој совршено разбира дека ова не вреди да се направи. Прво, затоа што не е според правилата на ракометот. Второ: Зошто?

Ги сфативме серионо и судиските прашања. Ова е прво плод на компетентната работа на комесарот Марјан Начевски. Второ е последица на фактот дека целиот судиски корпус знае ракомет многу добро, па сите се заинтересирани за чист ракомет. Како македонскиот печат ја замислува теоријата на заговор? Мешков Брест, Мотор и Веспрем седнаа на маса одделно и се договорија со Загреб за да одиграат таква приказна? Ова е невозможно во принцип. Во стаклена куќа камења не се фрлаат. Ваквите мисли дури не смеат ниту да постојат“, вели Сапожников во интервјуто за handballfast.com.

Иако од СЕХА тврдат дека не постои место за некаков заговор, сепак, останува размислувањето кај најголемиот дел дека има некаква игра во целата ситуација, а веќе е најавено првото полуфинале во кое тимот на Мешков Брест ќе игра против ППД Загреб утре со почеток во 18 часот во Задар.