СЕХА лига ќе продолжи со еден тим помалку, сезоната завршува во септември

Поради актуелната ситуација во Украина, раководството на СЕХА лигата донесе одлука натпреварувањето да биде прекинато.

Потпретседателот на СЕХА лигата, Борис Сапожников за рускиот сајт „Брз Центар“ зборуваше за моменталната состојба на регионалното натпреварување и ги кажа плановите за во иднина.

„Сезоната продолжува и ќе биде завршена до септември. Закажан е и фајнал-фор. На почетокот беа десет екипи, но сега се девет бидејќи Мотор Запорожје не е во можност да игра. Секако дека сме заинтересирани клубовите од Русија и Белорусија да играат во лигата, но не зависи само од нас. Сакам да најавам дека наскоро ќе соопштиме нешто многу интересно, но да почекаме. Прашањето бара сериозно проучување“, рече Сапожников.

Натпреварувањето беше прекинато за да се задржи регуларноста, а засега нема точен датум кога ќе продолжат натпреварите. Македонските претставници досега имаат одиграно вкупно четири натпревари.