Ракометарите на ППД Загреб денеска први ќе излезат на терен и ќе се обидат да дојдат до место на Ф4 турнирот во Задар на почетокот на април. Тие вечерва ќе го играат првиот дуел од реваншите од четврт-финалето кои се на програмата до недела.
Шампионот на Хрватска има четири гола предност од првиот натпревар против Татран Прешов така што и денеска се очекува да нема проблеми да се избори за добар резултат. Ако оди според планот тогаш денеска може до нова победа.
Средби ќе има и утре и в сабота и в недела кога тимовите на Вардар и Нексе го затвораат надигрувањето и секако даваат одговор на прашањето за пласман на Ф4 турнирот.
СЕХА ЛИГА,ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ
СРЕДА, 11 МАРТ
20:00ч
ППД ЗАГРЕБ – ТАТРАН ПРЕШОВ
рвиот натпревар заврши со победа на ППД Загреб до 25:21
ЧЕТВРТОК, 12 МАРТ
17:00ч
МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ
Првиот натпревар заврши со победа на Мешков Брест од 30:28.
САБОТА, 14 МАРТ
19:00ч
ВЕСПРЕМ – ВОЈВОДИНА
Првиот натпревар заврши со победа на Веспрем од 31:26.
НЕДЕЛА, 15 МАРТ
20:15ч
ВАРДАР – НЕКСЕ
Првиот натпревар заврши со победа на Вардар од 31:30.