Сестрите Бонавентура на сцена: Унгарец даде гол и доби црвен картон во првата минута! (ВИДЕО)

Мечот меѓу Унгарија и Норвешка убедливо го добија Скандинавците, кои ќе се борат за петтото место на СП. Унгарија цели 59 минути играше без еден од најдобрите, пикерот Миклош Рошта, кој беше исклучен од француските судијки Бонавентура по 52 секунди игра. Тој шутираше седмерец во голот на Норвешка, погоди, но топката го „закачи“ голманот Бергеруд по левата страна на главата. Сестрите Бонавентура гледаа видео снимка и не размислуваа многу пред да му доделат црвен картон на Рошта, а голот го поништија. Правилата на ИХФ за сакции при удар со топка на главата на голманот можете да го погледнете веднаш под видеото од натпреварот меѓу Норвешка и Унгарија...