Македонија во второто коло од групната фаза на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска убедливо беше поразена од репрезентацијата на Холандија со 34:24.
Претходно, односно во првото коло, избраниците на Кире Лазаров загубија од Норвешка.
Десниот бек Мартин Серафимов, кој во дуелот со ,,лалињата” постигна два гола од пет обиди, истакна дека мора да се одигра на ниво против незгодната селекција на Аргентина и да се дојде до поволен резултат.
„Влеговме во натпреварот максимално, на почетокот, нормално имавме грешки, тие грешеа, ние грешевме, сепак, имавме премногу грешки, загубени топки…Мора да имаме сили за Аргентина, ова е турнирски систем, не се прашуваме ние дали треба да победиме, треба да одиграме со срце за Македонија”, изјави Серафимов.
Натпреварот меѓу Македонија и Аргентина ќе се одигра на 17 јануари со почеток од 18:00 часот.
Македонија немоќна и против Холандија, Аргентина е последна шанса за прогрес