Серафимов: Загубивме на наши грешки

Репрезентацијата на Македонија на вториот натпревар од Президент Купот беше поразена од Тунис, со резултат 33:28, и нема да можеме да се бориме за „Трофејот на претседателот“. Теоријата да го освоиме е мала.

Иако нашата репрезентација имаше лош старт, сепак, кон крајот на првото полувреме целосно се врати во игра, а во вторите 30 минути за момент дојде до водство. Тунис со подобрата игра во последниот период од натпреварот успеа целосно да ја надигра Македонија.

Десниот бек, Мартин Серафимов истакна дека грешките го одлучиле денешниот победник.

,,Секогаш целта е да се бориме, без разлика на резултатот, дали резултатот е десет разлика, два разлика, нерешено, водство на нас, сепак, целта е ние да си го одработиме своето и да го дадеме максимумот. Ние имаме добро играчи, јас мислам дека овие играчи се најдобрите во Македонија, ние загубивме на наши грешки, не беше пад на концентрација, се случува на натпревар, ќе направиш грешка, ќе промашиш… Јас верувам во тимот, верувам во секој кој што е тука”, изјави Серафимов.

Младиот ракометар за дуелот против незгодната репрезентација на Мароко, која е следен ривал на Македонија во Президент Купот, најави дека целта е да се остави максимумот и срцето да терен.

,,Се уште ги немаме анализирано Мароко, целта беше да одиме чекор по чекор, да ги увидиме грешките од оваа утакмица и на мечот со Мароко ќе одиме како и на сите други натпревари, максимално да влеземе, не очекуваме ништо, не ветуваме ништо, нашата цел е да дадеме максимум, да дадеме се од себе, да го оставиме срцето на терен за Македонија, а јас верувам дека резултатот ќе си дојде”, заврши Серафимов.

Натпреварот меѓу Македонија и Мароко ќе се одигра на 23 јануари со почеток од 18:00 часот.

 

Македонија се врати од голем минус, ама загуби од Тунис