Македонската машка репрезентација за неполни три децении има сменето околу 25 селектори, па неизбежно беше првиот предводник на националниот тим Славе Атанасовски – Чаве да го прашаме дали и таа неконстантност на клупата влијае на досегашните резултати на Македонија?
„Сигурно дека има! Многумина од тие селектори кои биле и во нашите клубови не заслужиле да се најдат на таа позиција, или станал селектор, но работел послабо и веднаш смена. Селекторот мора да одработи еден циклус од четири години, ако е добар нека продолжи, ако не се знае… Исто така порано имаше некое правило селектор е тој, помошник тој и потоа се тежнееше асистентите да бидат тие кои ќе ја превземат репрезентацијата. Пример сме јас и Ванчо Јовановски. Ние во 80 посто од работите се согласувавме, 20 посто не, но кога Ванчо стана селектор тие 20 посто ги исфрли, но останаа оние 80. Тие се основата на работата и со нив има континуитет, се познаваат и играчите добро и сето тоа дозволува само природно да се продолжи со работа во тимот.“
Во продолжение прочитајте го разговорот со Славе Атанасовски – Чаве…