Репрезентативката на Македонија, Андреа Седлоска имаше уште еден настап во Лигата на Европа со својот клуб Локомотива Загреб. Тимот од Хрватска го доживеа четвртиот пораз откако на домашен терен загуби од Бесансон со 26:31.
Андреа Седлоска на овој натпревар постигна два погодоци од два удари, но тоа не беше доволно нејзиниот тим да стигне до првите бодови во групната фаза. Најефикасна во домашниот тим беше Тена Петика со осум гола, а во сотавот на Бесансон најефикасни беа Луси Грание и Полин Робер со по шест гола.
Во првиот дел Локомотива пружи добар отпор и губеше само 14:16. Сепак во продолжение немаа сили за позитивен резултат и го забележаа четвртиот пораз во Лигата на Европа. Во следното коло Седлоска и Локомотива играат против првопласираната Сола на домашен терен.
На останатите натпревари во Лигата на Европа за жени данскиот претставник Хернинг Икаст го совлада Сторхамар од Норвешка со 32:24. Валчеа во второто полувреме успеа да стигне до победа против Шамбре Турен со 32:27. Виборг беше многу убедлив против Ваци и славеше со 42:21.
ЛИГА НА ЕВРОПА 4. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
ХЕРНИНГ-ИКАСТ – СТОРХАМАР 32:24 (20:13)
ВАЛЧЕА – ШАМБРЕ ТУРИАН 32:27 (12:12)
ЛОКОМОТИВА ЗАГРЕБ – БЕСАНСОН 26:31 (14:16)
ВИБОРГ – ВАЦИ 42:21 (19:10)