По одигрувањето на натпреварите од шестото коло, заврши групната фаза во женското издание на Лигата на Европа.
Екипите на двете македонски репрезентативки, Елена Ѓорѓиевска (Магура Чиснадие) и Андреа Седлоска (Локомотива Загреб) се елиминирани и ги завршија европските настапи.
Ѓорѓиевска е повредена и не играше на последната средба за Магура, додека Седлоска во поразот на Локомотива Загреб кај Мошонмаѓаровар со 28-24, стрелаше три пати од пет обиди.
Најинтересно беше во Нант, каде што бранителот на титулата, на кој му требаше било каква победа за пласман понатаму, загуби од аутсајдерот Заглебје со 27-28 и ги заврши настапите.
Триумфот на полскиот тим беше услуга за Баја Маре, која продолжува во четвртфиналето.
Лига на Европа, жени, 6. коло, резултати:
Група А
Сола – Безансон 34-27
Мошонмаѓаровар – Локомотива Загреб 28-24
Група Б
Баја Маре – Битигхајм 20-28
Нант – Заглебје 27-28
Група Ц
Магура Чиснадие – Хернинг Икаст 31-34
Лада Тољати – Сторхамар 25-30
Група Д
Виборг – Шамбре 29-29
Вац – Валчеа 30-31
Лига на Европа, жени, четвртфинале:
Баја Маре – Сола
Безансон – Битигхајм
Сторхамар – Виборг
Валчеа – Икаст Хернинг