Тимот на Локомотива Загреб, каде што настапуваат три македонски интернационалки, ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат.
Хрватскиот првак славеше против Зрињски со 28-21, иако избраничките на Ненад Шоштариќ имаа само реми по првиот дел, 13-13.
Од Македонките на овој дуел настапи Андреа Седлоска, која беше втор стрелец со четири гола од шест обиди, а шест гола даде Стела Посавец.
Леонида Гичевска и Сања Дабевска добија поштеда на овој натпревар пред продолжението на Лигата на шампионите.
Локомотива сега има седум од седум во хрватското првенство, а следниот меч ќе го игра на гостински терен кај Бјеловар.