СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Гореше СРЦ „Кале“ – Македонија славеше историско учество на Мундијалот во Египет (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот oд квалификациите за пласман на СП 1999 меѓу Македонија и Италија одигран на 25 ноември 1998 година во СРЦ „Кале“. Со убедливата победа 39-29 и со уште еден триумф над истиот ривал на гости со 26-35, Македонија обезбеди прво историско учество на Мундијал, што се играше во Египет. За Македонија тогаш играа Петковски, Ходик, Чурлевски, Поповски, Зарков, Алушовски, Мандиќ, Котевски, Петрески, Манасков, Марковски, Јовиќ, а селектор беше Стевче Стефановски.