Кувајтскиот репрезентативец во редовите на Вардар, Али Сафар за првпат во својата кариера ќе заигра во Европа и ќе биде комплетна енигма за ривалите на „црвено-црните“ и дома и во Лигата на шампионите и во СЕХА. Голманот вели дека со нетрпение ги очекува овие натпревари и дека има три стила на бранење, кои треба да му помогнат да се профилира на пазарот.
„Возбуден сум секако! За првпат во кариерата ќе играм во Лигата на шампионите и во СЕХА. Сиве овие години напорно работев и бев посветен за да дојдам до оваа шанса. Сега сум никој и ништо во Европа, но се надевам дека ќе создадам име и тука. Фактот дека не ме знаат како играч тоа е предност пред конкуренцијата. Имам три стила на бранење, за секој играч се менувам. Кога немам подготовка за натпреварот бранам стандардно, но најчесто гледам видеа, детално анализирам и ги проучувам противничките играчи. Кога сум подготвен за натпреварот бранам во друг стил, ако го знам играчот тогаш се поставувам на поинаков начин. Затоа ние голманите сме различни од другите ракометари. Мора да бидеме попаметни, затоа што треба да ’прочитаме’ повеќе играчи.“
Подолу погледнете го комплетното интервју…
ИНТЕРВЈУ АЛИ САФАР: Кралски наследник кој сака шампионска круна со Вардар!