Со одигрувањето на 4. коло во Групите А и Д дојде до одговор за уште неколку прашања околу пласманот во втората фаза. Четири селекции од овие групи веќе си обезбедија место и ќе играат во вториот круг.
Норвешка со новата победа над Ангола е сигурно прва и утре ќе се бори против Холандија за врвот во Групата А, додека Србија и Словенија во меѓусебен двобој ќе се најдат во трка за третото место кое води понатаму.
Што се однесува до Групата Д таму составите на Русија и Шведска утре исто така ќе се најдат во битка за првото место, а и двете имаат максимални осум бода досега. И таму неизесно е кој ќе влезе во следната фаза како третопласиран.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО
ГРУПА А
КУБА – СЛОВЕНИЈА 26:39 (15:17)
СРБИЈА – ХОЛАНДИЈА 23:36 (12:20)
НОРВЕШКА – АНГОЛА 30:24 (13:12)
ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 бода (141:85); 2. Холандија 6 (148:106); 3. Србија 4 (126:116); 4. Словенија 4 (115:121); 5. Ангола 2 (110:121); 6. Куба 0 (92:183)
ГРУПА Д
КОНГО – КИНА 25:24 (10:11)
ЈАПОНИЈА – РУСИЈА 23:33 (16:16)
ШВЕДСКА – АРГЕНТИНА 30:23 (14:11)
ТАБЕЛА: 1. Русија 8 бода (128:69); 2. Шведска 8 (122:84); 3. Јапонија 4 (101:103); 4. Аргентина 2 (99:117); 5. Конго 2 (70:112); 6. Кина 0 (82:117).