Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, славеше нова победа во рускиот шампионат.
ЦСКА Москва на домашен терен ја победи Астраханочка со 39-32 во натпревар од плеј-офот, а имаше мали проблеми само во првото полувреме.
Ристовска на теренот против Астраханочка мина триесетина минути и постигна два гола од три обиди.
Oва беше 29 победа на 29 натпревар оваа сезона за ЦСКА Москва и Македонката, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај големиот ривал Ростов Дон.