„Ние остануваме во клубот за тој да не згасне, да се обидеме да помогнеме, да побараме спонзори, да се одржи женскиот ракомет“, објаснува Кастратовиќ.
Tандемот, кој го предводеше Кометал Ѓорче Петров до шампионската титула во Европа, ЖРК Вардар до пет Ф4 турнири во Лигата на шампионите и женскиот национален тим на Македонија до најголемите успеси, Индира Кастратовиќ и Гордана Нацева од оваа сезона го превземаа женскиот вардаров тим, а целта им е да направат се што е во нивна моќ за нашиот женски ракомет да се врати таму каде што заслужува.
„Новиот ЖРК Вардар е здружение на граѓани, дури и јас се изненадив што сме именувани со Нацева како сопственици, но тоа е некоја новина во Централен регистар. Ние остануваме во клубот за тој да не згасне, да се обидеме да помогнеме, да побараме спонзори, да се одржи женскиот ракомет. Она што не мотивира во сето ова е да се обидеме да го вратиме македонскиот женски ракомет на оние патеки што ги имавме ние и како репрезентација, но и на клупско ниво. Мора да бидеме реални дека ако сакаме успеси, потребни ни се и спонзори. Патот е долг, но го посакуваме тоа… Со една добра екипа не може да се направи ништо. Потребни ни се сретства, спонзори да се вратат во женскиот ракомет, па да имаме два, три, четири подобри клубови со по некој странец во нив, да има конкуренција, посилна лига и од тоа да извлечеме репрезентација… Имаме многу за работа, но даваме сè од себе“, потенцира Кастратовиќ.
Комплетното интервју со Индира Кастратовиќ може да го погледнете ТУКА.