Репрезентацијата на Македонија на стартот на Европското првенство беше поразена од актуелниот олимписки првак Франција со 24:14.
По комплетирањето на првото коло, левото крило на Македонија, Јована Саздовска го има вториот најбрз спринт на континенталниот собир.
Побрза од Саздовска во натпреварите од првото коло беше само репрезентативката на Полска, Мариола Вјертелак.
Моника Јанеска е на 3. позиција кога се во прашање успешните додавања. Организаторот на играта на Македонија во натпреварот против ,,триколорките” имаше 233 успешни додавања.
Пред Јанеска се наоѓаат Валентина Блажевиќ од Хрватска со 257 успешни додавања и Керстин Кудинг од Швајцарија со 253 додавања.