Савевски скрати список – еве кои 20 ракометарки ќе бркаат пласман на СП!

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го скрати списокот пред стартот на подготовките за бараж двомечот за пласман на СП 2023 во Норвешка, Шведска и Данска.

Савевски повика 20 ракометари на собир, од кои ќе ги одбере 16 што ќе настапат на натпреварите против незгодната селекција на Украина.

Повратнички во националниот тим се десниот бек Елена Ѓорѓиевска и пивотот Ивана Гакидова.

Новитети се Катерина Дамјаноска, Амра Терзиќ, Бојана Диневска и Бојана Коцева, додека другите ракометарки веќе биле на претходните собири или на скратени списоци.

Собирот ќе биде в понеделник на 3 април во 12:30 часот.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Украина се игра на 8 април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, додека реваншот ќе се игра во унгарскиот град Кишварда на 11 април со почеток во 17:00 часот.