Женската кадетска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Мундијалот на кој сме домаќини, откако славеше над Узбекистан со 39-30.
Со овој триумф, нашите ракометарки обезбедија место во главната рунда на СП, односно се пласираа меѓу 16 најдобри селекции во светот.
Селекторот Љубомир Савевски и покрај високата победа, не е задоволен од настапот, особено во првиот дел.
„Моите ракометарки не беа доволно фокусирани на овој натпревар и практично не игравме ништо во првото полувреме. Имаме индивидуален квалитет и почнавме да играме добро во одбраната во вториот дел. Ваква игра, како во првиот дел не смее да се повтори. Наш следен ривал е Иран, ќе се одмориме и ќе се подготвиме за овој дуел“, изјави Савевски.
Средбата меѓу Македонија и Иран се игра на 2 август со почеток во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Македонија го реши Узбекистан и обезбеди главна рунда на СП!
Ризоска „испорача“ осум гола во мрежата на Узбекистан и стана МВП!
Македонската легенда Кире Лазаров со поддршка за кадетките (ФОТО)