Украина ќе биде ривал на Македонија во бараж двомечот за пласман на Светското првенство во 2023 година во Данска, Шведска и Норвешка.
Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски истканува дека Украина е квалитетна репрезентација со неколку искусни интернационалки.
„Репрезентацијата на Украина беше една од најквалитетните тимови во првите бараж натпревари. Изгубија минимално од Франција во квалификациите за ЕП, имаат неколку интернационалки во составот, ракометарки, кои што играат во Романија, Хрватска, Германија, се работи за квалитетна репрезентација. Сепак, со играњето на Европското првенство добивме полесен противник, бидејќи подобро е да играш со Украина, отколку со Шпанија, Словенија, Германија.. Треба повеќе да се работи во овој период, да направиме поголем ростер за да можеме да парираме на вакви натпревари, кои се многу сериозни и една мала грешка може да доведе до непосакуван исход. Ќе треба да се даде максимумот од првата, па се до последната секунда, да се избегнат грешките и најважна ќе биде концентрацијата“, изјави Савевски.
Првиот натпревар треба да се игра во Македонија на 7/8 април, додека реваншот е на 11/12 на гостински терен, кој можеби ќе биде неутрален.
Украина стои на патот на Македонија до Мундијалот во 2023 година!