Здружението на тренери на Македонија немало никаква улога (ниту советодавна) во доаѓањето на новите селектори и во женскиот (Љубомир Савевски) и во машкиот сениорски тим (Кирил Лазаров).
Претседателот на Здружението, Гино Стрезовски како поранешен селектор и на двете селекции (жените ги предводеше и на последниот настап на едно големо натпреварување, ЕП 2012 во Србија) го прашавме за мислење за актуелниот лик на стручните штабови.
„За Савевски имам не високо, највисоко мислење и многу го респектирам! Половина век сме другари и со полна уста и срце отворено можам да кажам дека е чист професионалец, вреден, работник, со резултати зад себе. Тој е по мене одлична опција, но не можам да го прифатам тоа, а тоа го има само кај нас, еден човек да води сè од пионерки до сениорки и плус да биде тренер во клуб во машка конкуренција. Верувам дека Савевски има и квалитет и капацитет за успех со женската репрезентација, но не и ако биде вака и со репрезентативни обврски кај жените и да води машки тим“, вели Гино Стрезовски и продолжува: „Одличен пример е Дидие Динар со Франција. Го поставија за селектор на мажите ама воочија дека уште го нема совладано тренерскиот занат и дека уште размислува како играч и сега, каде е? Тренер во Саудиска Арабија. Друго е кога си играч, тогаш размислуваш како играч, кога си на другата страна и кога ќе седнеш на клупата мораш да почнеш да размислуваш како тренер. Само кај нас можеш да бидеш се и кај мажи и кај жени и со тоа се растура системот кој ние како Тренерска организација се бориме да постои. Во машката А репрезентација на клупа седат поранешни ракометари, кои се без тренерско искуство, буквално нема ден тренерски стаж. Ја имаат дипломата Мастер коуч, но не и занатот. Недостасува тренерско искуство занаетот го прескокнаа и ќе се учат на клупа на репрезентација. Дај боже, се најубаво да биде со Кирил Лазаров како селектор, но не знам… времето ќе покаже! Јас навивам за Македонија и сакам на ЕП во јануари да имаме добри резултати, но ќе видиме.“
Подолу прочитајте го целосното интервју со првиот човек на тренерската фела во Македонија…
ИНТЕРВЈУ ГИНО СТРЕЗОВСКИ: Само кај нас може да има еден селектор за сите селекции!