Големото ракометно дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во саботата заврши со победа на гостите од Битола, но натпреварот донесе и голема тензија на теренот.
Најбурно во тензичната атмосфера некаде пред крајот на натпреварот реагираше Стојанче Стоилов кој доби и казна од дисциплинската комисија на Ракометната Федерација на Македонија, ракометарот на Вардар е казнет со еден натпревар суспензија. Казната на Стоилов е поради црвениот картон и расправиите со судиите. Со оваа суспензија тој ќе го пропушти гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 во Битола во сабота.
„На Стојанче Стоилов, ракометар на РК Вардар 1961 лиценца бр.21, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана на настап од 1 натпревар согласно член 114 од ДП на РФМ“
Покрај Стоилов казна доби и Вардар. Казната за Вардар е поради слабата организација на натпреварот.
„На екипата РК Вардар 1961 се изрекува дисциплинска санкција, парична казна во висина од 60.000.00 денари согласно член 106 од ДП на РФМ“
Натпреварот ќе потсетиме во драматична завршница заврши со победа на Еурофарм Пелистер од 23:24. Со овој триумф битолскиот состав дојде чекор поблиску до титулата, Вардар сега до крајот на сезоната нема право на кикс, а мора да слави и гости против најголемиот ривал.