И Еурофарм Пелистер и Металург со свои математики, сметајќи дека треба да играат во Лига Европа. Сега РФМ ќе треба да реши и веројатно ќе се води според критериуми какви вообичаено бара ЕХФ за екипите што аплицираат во Лигата на шампионите: сала, состав, буџет, амбиции, досегашни резултати, маркетиншки план, афирмација на ракомет.....
Ако се прифати предлогот да нема прогласување шампион и да нема испаѓање од Супер лигата, тогаш УО на РФМ ќе треба да реши кои екипи следната сезона ќе играат во европските купови. Повеќе од јасно е дека со најавената стабилизација на Вардар, „црвено-црните“ ќе добијат „пас“ да продолжат во најелитното натпреварување каде во три сезони двапати беа европски прваци. И да ја бранат титулата во СЕХА лигата исто така.
Останува дилемата кои три екипи ќе бидат пријавени во Лига Европа? Според рејтингот на Македонија, од резултатите на сите екипи во сите европски натпреварувања, ние имаме право да пријавиле вкупно 4 екипи – 1 во ЛШ и три во Лига Европа. Ако Еурофарм Пелистер и Металург се сигурни патници во новоформираниот куп, останува уште едно место за кое треба да реши РФМ.
Тука се надеваат и Охрид, и Бутел па и Пролет. Место само за еден ќе има. Според усвоените правила на ЕХФ, во Лига Европа ќе играат вкупно 24 екипи. Шест места се за шампионите на земјите што се пласирани од 10 до 15 место на ранкинг листата. Следните пет места се за земјите пласирани од 1 до 5 место, и тоа вицепрвакот или третопласираниот од таа земја. Тука и следува на Македонија едно место. Едно место е за победникот на ЕХФ Купот од последните три сезони. Другите 12 места ќе се решат преку квалификации.
За Македонија во квалификациите има две места, и тоа по едно во секое коло. Едниот тим ќе игра во првото, а другиот во второто квалификациско коло. Победниците од второто коло ќе се пласираат во групната фаза.
Квалифкациите се закажани за крајот на август, 29 и 30 август првите натпревари од првото квалификациско коло, а возвратните на 5 и 6 септември. Второто квалификациско коло е закажано за 22 и 29 септември. Групната фаза би требало да почне на 20 октомври. Вкупно 24 екипи ќе бидат поделни во 4 групи со по 6 екипи, и секој ќе одигра по 10 кола.
Од оваа сезона и настапот во Лига Европа ќе носи и финансиски надомест, од 500 евра во првото квалификациско коло, до 9.000 евра по натпревар во групната фаза. Најдобрите три екипи екипи ќе имаат по 50.000 евра што ќе стигнат до завршниот турнир. Сето ова е примамливо бидејќи играњето во групната фаза од Лига Европа ќе донесе и шанса за заработка.
И Еурофарм Пелистер и Металург со свои математики, сметајќи дека треба да играат во Лига Европа. Сега РФМ ќе треба да реши и веројатно ќе се води според критериуми какви вообичаено бара ЕХФ за екипите што аплицираат во Лигата на шампионите: сала, состав, буџет, амбиции, досегашни резултати, маркетиншки план, афирмација на ракомет…
Засега нема информација кога ќе се решава за ова, но до крајот на мај сигурно ќе треба да се пријави во ЕХФ која екипа во кој куп ќе се натпреварува…