После двонеделната пауза поради репрезентативни обврски, викендов продолжуваат возбудувањата во Супер лигата. Екипата на Охрид на домашен терен го пречекува последнопласираниот тим во лигата, Вардар Неготино.
Охриѓани во натпреварот влегуваат осоколени после големата победа над Струга на гостински терен во езерското дерби. Грузискиот интернационалец Хазеин Рустамов вели дека Охрид во натпреварот влегува како фаворит и очекува победа.
„После неколку тешки натпревари не очекува дуел со Вардар Неготино во кој што треба да победиме. Овој дуел е значаен за нас, да ги освоиме трите бода во битката за плеј офот и затоа ќе направиме се за да победиме. Иако противникот е последнопласиран на табелата, сепак во лигата нема лесни натпревари, Вардар Неготино е добра екипа, и не смееме да ги потцениме. Ние сме фаворити, јас верувам во моите соиграчи и мислам дека ќе забележиме победа“, изјави Рустамов.
Грузискиот интернационалец кој со атрактивните потези и голови прераснува во еден од милениците на охридската публика, вели дека не е задоволен од својата игра во досегашниот дел од сезоната, но се надева дека како ќе одминува времето ќе биде се подобар и подобар и ќе ја оправда довербата на стручниот штаб.
Дуелот помеѓу Охрид и Вардар Неготино се игра во сабота со почеток во 18:30 часот, во СРЦ „Билјанини Извори“.
Андоновски: Иако сме фаворити, треба да дадеме максимум за да ги освоиме трите бода