Русите не се откажуваат: Знаеме дека сме во право и ќе одиме до крај

Претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев за „Спорт-Експрес“ ја коментираше жалбата испратена по суспензијата за руските репрезентации и клубови од страна на ЕХФ и ИХФ.

Русите немаат намера да се откажат и ќе продолжат да си ги бараат правата на своите спортисти.

„Убедени сме дека ставот кој ние го имаме е исправен. Исто така членот 5 од Меѓународната ракометна федерација вели: Во ракометот нема место за дискриминација врз основа на: пол, етничка припадност, боја, култура, религија, политичко мислење или било која друга основа. Затоа имаме намера да одиме до крај. Процесот сигурно нема да оди брзо, а за тој период можно е ситуацијата да почне да се нормализира“, изјави Шишкарев.

Ќе потсетиме, во супсензијата на ЕХФ се вклучени и сите официјални лица и судии од Русија и Белорусија, а во изминатиот период овие две земји разговараа за повеќе можности на заедничка соработка.

Соработката меѓу Русија и Белорусија – сакаат да формираат заедничко првенство