Македонската репрезентација вчера во фантастична атмосфера славеше победа против Романија со 30:22 и така обезбеди одлична предност пред реваншот во Букурешт.
Репрезентативците веќе отпатуваа за Букурешт, натпреварот се игра утре во терминот од 17:00 часот.
Билетите за овој натпревар се по цена од 50 леи или 620 денари што е многу поскапо за разлика од цената на билетите за вчерашниот натпревар во Скопје која изнесуваше 100 денари.
Гледачите кои се заинтересирани во живо да навиваат и во Букурешт билети можат да купуваат преку сајтот на „bilete.ro“ – ТУКА.