Романците не можат да се помират и тврдат: Загреб политички доби место во ЛШ!

Романскиот шампион Динамо Букурешт, кој во ланската сезона во Лигата на шампионите стигна до осминафинале, за новата сезона извиси и не доби вајлд-карта.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) која 6-те вајлд-карти им ги додели на Загреб, Алборг, ПИК Сегед, Монпелје, Колстад и Висла Плоцк, предизвика голем револт во Романија.

Динамо Букурешт прв реагираше откако беше изоставен од ЕХФ и преку социјалните мрежи испрати порака дека клубот ќе се врати посиелн во Лигата на шампионите.

Спортскиот портал „ГСП“ излезе со информација дека хрватскиот шампион Загреб местото во елитата го добил по политички пат, па така Динамо Букурешт останал со празни раце.

,,Иако од спортски аспект романскиот шампион е над неколку екипи кои беа примени меѓу 16-те во ЛШ, тимот од романската престолнина не беше примен поради лобито направено од некои спонзори до раководството на ЕХФ. Тие имаат економски интереси во Хрватска и го сакаа Загреб во Лигата на шампионите, а овој аспект на ЕХФ и беше поважен од резултатите на тимот”, пишува романскиот портал ,,ГСП“.

Претходно, голем револт имаше и од женскиот вицепрвак на Норвешка, Сторхамар, кој не доби место во Лигата на шампионите кај дамите, иако Норвешка има највисок рејтинг во женскиот ракомет.

 

 

Романците не можат да се помират: Во ЛШ има послаби тимови од Динамо Букурешт