Откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) пред неколку дена ги објави 16 екипи што ќе играат следната сезона во Лигата на шампионите, ракометните љубители од Романија останаа бесни, бидејќи Динамо Букурешт не доби вајлд-карта.
Тренерот на женскиот тим на ЧСМ Букурешт, Адриан Василе, кој ја извршуваше селекторската функција во женската сениорска репрезентација на Романија, истакна дека во елитното натпреварување ќе играат послаби тимови од романскиот шампион, алудирајќи на оние кои немаат забележителни резултати или голем играчки ростер.
,,Од мое гледиште, тоа што се случи со Динамо Букурешт не е нормално. Според мене Динамо Букурешт требаше да игра во Лигата на шампионите. На списокот на примени тимови видов екипи кои се далеку под нивото на Динамо Букурешт и кои ќе настапат во елитата“, изјави Адриан Василе за романскиот портал „ПроСпорт“.
Искусниот тренер смета дека Динамо Букурешт може да го освои првото место во Лига на Европа.
,,Со составот што го има Динамо Букурешт во моментов и со играчите кои ќе дојдат, мислам дека тренерот Чави Пасквал дури може да смета на освојување на трофејот во Лига на Европа, тимот на Динамо Букурешт ќе биде многу вреден”, додаде Адриан Василе за романскиот портал „ПроСпорт“.
Европската ракометна куќа 6-те вајлд-карти им ги додели на Загреб, Алборг, ПИК Сегед, Монпелје, Колстад и Висла Плоцк.
Освен Динамо Букурешт, од елитното натпреварување извисија Спортинг Лисабон, Кадетен Шафхаузен и Кристијансад.
Динамо Букурешт бесен на ЕХФ: Разочарани сме, докажавме дека заслужуваме да бидеме дел од ЛШ!